📸Луѓето разговараат за изгледот на новиот iPhone 16 Pro Max: „Досадно“

од Vladimir Zorba
49,3K прегледи

Неодамна, познатиот Ice Universe на платформата X сподели рендери од новиот iPhone 16 Pro Max. Големо внимание на оваа социјална мрежа предизвика појавата на новиот мобилен телефон Pro Max, кој официјално треба да биде претставен во септември оваа година.

Многумина нагласија дека, и покрај некои промени во дизајнот, новиот модел не се разликува премногу од неговиот претходник, iPhone 15 Pro Max. На приложената фотографија лево е iPhone 16 Pro Max, а десно iPhone 15 Pro Max.

„Ми изгледаат исто“, „Освен малку потенки рамки, изгледа премногу слично на 15 Pro Max за да биде возбудливо“, „Значи, тоа е истиот телефон како iPhone 11 Pro Max, 12 Pro Max, 13 Pro Max , 14 Pro Max и 15 Pro Max?“, „Досадно“, „Не гледам значителна разлика“, „Изгледаат сосема исто“, „Навистина не гледам разлика“, „Не можам да ги разликувам“, се дел од коментарите на оние кои сметаат дека двата мобилни телефони се идентични.

„Немаш око за детали“

Дебатата отиде толку далеку што Ice Universe подоцна објави споредбена фотографија помеѓу iPhone 16 Pro Max и iPhone 15 Pro Max и рече: „Ако не можете да ја видите разликата, тогаш немате око за детали“.

Што велите, ја гледате ли разликата?