📸Рита Ора прошета на аеродром во долна облека

од Vladimir Zorba
76 прегледи

БРИТАНСКАТА пејачка Рита Ора го помина изминатиот викенд патувајќи во авиони и престојувајќи на аеродроми бидејќи таа и нејзиниот сопруг Таика Ваитити „го обиколија светот за 24 часа“, како што рече.

Причината беше роденденот на нејзиниот сопруг, а Рита на Инстаграм ги сподели различните модни комбинации што ги избра за тој викенд.

Една фотографија особено го привлече вниманието на нејзините обожаватели. На неа Рита позираше во црвена чипкаста долна облека, под која носеше црни гаќички.

Така таа прошета низ аеродромот по настапот во Романија и помина низ обезбедувањето пред да се качи во приватен авион и да отпатува со нејзиниот сопруг. Парот уживаше во концертот, а на една фотографија се бакнуваа.

Да потсетиме, неодамна Рита го откажа концертот во Унгарија само неколку часа пред почетокот на настапот. Пејачката претходната ноќ ја помина во болница во Будимпешта, а сето тоа го објави на социјалните мрежи.

„Ве молам, простете за овој неочекуван пресврт на настаните, но за жал нема да можам да настапам на фестивалот „Кампус“ вечерва“, сподели таа.

Фановите и посакаа брзо закрепнување.

Слични содржини