Јапонскиот тјунер Liberty Walk избра електричен автомобил за својот нов проект.
Liberty Walk повремено си поигрува со „нервите“ на пуристите „опремувајќи“ класични суперавтомобили со широките лакови и спуштената суспензија. Во јануари 2023 година го видовме Ferrari F40, а една година подоцна и Lamborghini Countach, но сега јасно е дека на ред е светот на електричните автомобили.
Јапонскиот тјунер официјално го претстави својот нов проект Liberty Walk Tesla Model 3 LB E Works, кој доби широк комплет за каросерија. Големо име и големи лакови, би рекле.
Пакетот веќе може да се нарача и вклучува спојлер за преден лип спојлер, задно крило, заден дифузер, странични прегради и големи продолжетоци на лакот на тркалата.
Сите компоненти се направени од пластика засилена со влакна, а пакувањето чини 7.920 долари.