📸🎥Претседател на кипарски фудбалски клуб застрелан во мафијашки стил

Претседателот на кипарски фудбалски клуб од втората лига беше застрелан во крајбрежниот град Лимасол во понеделникот, соопшти полицијата во Република Кипар, цитирана од Ројтерс.

од Vladimir Zorba
26 прегледи Фото: Фејсбук

Претседателот на кипарски фудбалски клуб од втората лига беше застрелан во крајбрежниот град Лимасол во понеделникот, соопшти полицијата во Република Кипар, цитирана од Ројтерс.

Жртвата, идентификувана од полицијата како Ставрос Демостен, 49, бил претседател на ФК Кармиотиса. Непознати напаѓачи отвориле оган врз него на автопат, а Демостен починал на пат кон болница додека неговиот син го возел таму.

Кармиотиса се натпреваруваше во првата лига минатата сезона, а оваа сезона испадна во втората лига.

Од своето формирање во 1979 година, главно играше во пониските лиги, забележува Ројтерс.

Слични содржини