📹Bugatti W16 Mistral сруши рекорд: Неверојатни 453,91 km/h со отворен покрив

од Vladimir Zorba
154 прегледи

Со моделот W16 Mistral, Bugatti постави нов светски брзински рекорд за возила со отворен покрив, со брзина од 453,91 km/h. Со ова оваа марка на ултра спортски автомобили повторно влезе во автомобилските анали.

Имено, дури три модели на Bugatti соборија светски брзински рекорди во историјата: Veyron 16.4 Super Sport World Record Edition, Veyron 16.4 Grand Sport Vitesse World Record Edition и Chiron Super Sport 300+.

Сега им се придружи W16 Mistral.

Рекордот беше соборен на полигонот ATP Automotive Testing Papenburg GmbH во Германија, продолжувајќи ја низата претходни светски рекорди во автомобилизмот, вклучително и 25 светски рекорди поставени на истата локација минатата година од Rimac Nevera.

Слични содржини