На актерката и комичарка Ејми Шумер и бил дијагностициран Кушингов синдром, ретка болест која произлегува од долготрајните ефекти на покаченото ниво на хормонот кортизол, често придружено со дијабетес, хипертензија и остеопороза.
Кушинговиот синдром може значително да го наруши квалитетот на животот на пациентот, што ѝ се случило токму на Ејми.
Имено, таа на почетокот на месецов гостуваше во шоуто на Џими Фалон, по што некои на социјалните мрежи критички коментираа дека нејзиниот изглед се променил.
Првото нешто што го забележале биле вишокот килограми и надуеноста.
Ејми возврати дека моментално се случуваат некои „медицински и хормонални работи“ во нејзиниот свет, но додаде дека е добро.
Откако конечно ја добила дијагнозата, таа се огласи на Инстаграм за да им се обрати на своите следбеници.
View this post on Instagram
Ејми Шумер навела дека се чувствува „преродено“ откако ја добила дијагнозата, по неизвесна серија тестови за да се утврди што точно се случува.
„Да дознаам дека имам тип на Кушинг кој сам ќе се реши и дека сум здрава… тоа беше најголемата вест што може да се замисли. Беа луди неколку недели за мене и моето семејство“, раскажа Ејми Шумер.
Таа додаде дека се чувствува мотивирана да ја открие дијагнозата за да се залага за здравјето на жените.