📽 „Го уби со поглед“: Водител се пошегува на сметка на Тејлор Свифт и нејзиното момче, нејзината реакција стана хит

од Stefanija Kuzmanovska
401 прегледи

За време на синоќешното доделување на Златните глобуси, водителот Џо Кој направи невкусна шега на сметка на поп ѕвездата Тејлор Свифт и нејзиното момче, играчот на НФЛ Тревис Келси. По нејзината реакција, може да се каже дека пејачката не била воодушевена од коментарот.

Водителот низ смеа изјави дека на ова доделување на награди не биле сите камери насочени кон Свифт.

„Разликата помеѓу Златните глобуси и НФЛ игрите е што овде имаме малку помалку камери вперени кон Тејлор Свифт, се колнам“, рече тој низ смеа, алудирајќи на појавувањата на пејачката на натпреварите на нејзиното ново момче.

Камерата во тој момент го покажа лицето на Тејлор Свифт, а фановите во коментарите се пошегуваа дека таа можела „да убие со погледот“.

Тејлор не се ни насмевнала, само се напила голтка вино и сериозно го погледнала водителот.

Слични содржини