469
Јелена Розга во рамки на турнејата Минут срца мог одржа концерт во распродадената Арена Борис Трајковски во Скопје. Додека публиката едногласно ја пееше песната Опрости мала, пејачката ја совладаа емоциите и се расплака на сцената, пренесе Стандард лајф.
View this post on Instagram
„На овој свет има секакви солзи, среќни и помалку среќни. Тоа се радосни солзи, солзи поради тебе, која синоќа ме прегрна со емоции и ми го исполни срцето со љубов. Ти благодарам Скопје, што ми ја покажа моќта на љубовта синоќа. Те сакам“, напиша таа покрај видеото од концертот што го објави на Инстаграм.
Инаку, Розга таа песна ја изведе со групата Магазин на Дора во 2006 година, а песната заврши на нејзиниот истоимениот деби албум.