Канје Вест уште еднаш ја шокираше јавноста откако три пати по ред на својот Инстаграм профил го објави истото видео од неговата сопруга Бјанка Ценсори, од забавата по Супер Боул.
Раперот се стави во улога на моден дизајнер и уживаше во глетката на својата сопруга која беше речиси гола во боди кое ѝ ги покриваше само градите и малку задниот дел.
Коментарите не престанаа да се слеваат и дефинитивно не му се допаднаа на раперот, кој набргу потоа објави уште едно видео на Инстаграм каде се „пресмета“ со оние кои му упатуваат негативни коментари.
„Сакам на се да ви кажам дека трипати и намерно ја ставив сопругата на мојот Инстаграм профил“, рече тој пред камерата додека заедно со Бјанка, која беше облечена во друга провокативна облека, шетаа низ аеродромот.
Канје Вест истакна дека луѓето се фокусираат на неговата сопруга наместо на неговиот нов албум.
„Значи, она што се обидувам да го кажам е дека мојот нов албум излезе пред неколку дена и сè уште се прашувате зошто објавувам слики од мојата сопруга“, мислејќи на неговиот албум Vultures кој беше објавен на 9 февруари.
Раперот вели дека неговата музика не би била толку добра доколку тој не бил среќен, а Бјанка го прави среќен. Исто така, тој рече дека ако некому не му се допаѓа неговата содржина на Инстаграм, не мора да го следи.
„Таа ме прави среќен. Затоа сите сте задоволни со мојата музика, бидејќи јас сум среќен. Разбирате? Затоа никогаш не кажувајте ништо негативно. Ако не ви се допаѓа мојата страница и она што го објавувам, одете по ѓаволите. Искрено, оставете ме, оставете го кралот на мир. Ќе ја објавам мојата сопруга онолку пати колку што сакам“, заклучил Вест.