📽 Отстранет споменикот на Пушкин во Киев

од Stefanija Kuzmanovska
190 прегледи

Градските власти на Киев ја отстранија статуата на рускиот писател Александар Пушкин која стоеше на една од главните улици во градот.

„Пушкин не е дел од украинската култура“, објави советникот на градоначалникот на Киев, Дмитро Белоцерковец.

Украинската влада на 10 ноември ја повлече статуата од државниот регистар на споменици од национално значење, дозволувајќи и нејзино демонтирање.

Во текот на ноќта на 7 ноември, непознати активисти ги напишаа зборовите „деколонизацијата не може да се запре“ преку базата на статуата и фрлија црвена боја врз лицето на Пушкин.

Слични содржини