📽 Последната песна на Тоше Проески „Кажу да време лечи све“ е направена со помош на вештачка интелигенција

од Radmila Tasevska
233 прегледи

Со помош и благодарение на вештачката интелигенција е направена демо снимка на оваа песна.

Со помош на вештачка интелигенција светлината на денот ја здогледа песната „Велат дека времето лечи се“, која ја отпеа Тоше Проески. Познатиот македонски радиоводител, диџеј и продуцент Кирил Зарлинов, попознат како диџеј Ерик Фокс, ја заврши и намонтира студиската демо снимка, која, како што вели, му ја оставил во аманет неговиот пријател Тоше.

Првата демо снимка е направена во септември 2004 година во домашното студио на Кирил.

„Голема благодарност до целиот тим кој несебично помогна во реализацијата на песната: Давор Јордановски, Дарко Тасев, Или Спасев, Јован Јованов и Александар Тасиќ од Лесковац. Посебна благодарност до Александар Трајановски кој ја донесе песната во Македонија и му ја понуди на Тоше“, изјави Кирил.

Слични содржини