📽1973 Alfa Romeo 2000 GT Veloce со Ferrari V8 мотор

од Vladimir Zorba
258 прегледи

Има рестомоди во кои конструкторите се занесуваат и лесно ги преминуваат границите на добриот вкус, но има и рестомоди во кои се е направено со мерка, со добро дефиниран степен на адаптација и индиректно подигање на вредноста на некогаш стариот оригинал.

Овој класичен Alfa Romeo спаѓа во таа втора категорија и доаѓа со Ferrari V8 мотор. Четири години работа на овој Alfa Romeo 2000 GT Veloce од 1973 година, според нас, доби добар крај бидејќи сета љубов кон класичните Alfa и Ferrari е споена во еден автомобил.

Имено, австралискиот автомобилски ентузијаст Џеф, кој го донел својот миленик на локална средба, го спасил овој примерок од распаѓање и решил да и даде нов живот…и тоа каков.

Меѓу сите промени, најважна беше замената на стандардниот 2.0-литарски бензинец со поголем мотор што ја направи оваа класична Alfa нешто навистина посебно.

Тој го избра 3,6-литарскиот V8 (Тип F131) на Ferrari што ја напојува 360 Modena, а Џеф вели дека добивањето на моторот било помал проблем, а повеќе работа и цена за да се прилагоди Alfa 2000 GT Veloce за да добие таков мотор.