📽Автомобил стуткан како „лименка“: Страшна снимка од местото на несреќата во која загина млад хрватски фудбалер

од Vladimir Zorba
112 прегледи

Во сообраќајна несреќа што во понеделникот околу 21 часот и 40 минути се случила во Велика Горица загина 14-годишен сопатник, момче кое било талентиран фудбалер. Имено, 51-годишниот возач игнорирал полицаец да застане и со голема брзина удрил во метален семафорски столб. Сега се појавија видео снимки од местото на несреќата.

„Јутарњи лист“ објави видео од несреќата на кое се гледа целосно стуткана бела шкода октавија. Само со гледање на снимката може да се добие вистинска слика за размерите на катастрофалната несреќа…

Откриено е дека починатото момче било фудбалер на Горица, а последен клуб му бил Бан Јелачиќ од Вуковина.

„Со голема тага ја примивме веста за трагичниот настан кој му го одзеде животот на поранешен член на нашата фудбалска школа. Во ова исклучително тешко време, нашите мисли и молитви се со неговите најблиски, семејството, соиграчите и сите негови пријатели“, се вели во соопштението на ФК Горица.

ФК Бан Јелачиќ исто така излезе со соопштение: „Длабоко сме шокирани од трагедијата што прерано стави крај на младиот живот на нашиот член и играч на сениорската пионерска селекција во нашата фудбалска школа. Сочувствуваме со сите негови најблиски погодени од овој трагичен настан и ги одложуваме сите тренинзи и активности во клубот, за да се собереме и во мир и тишина да се збогуваме со нашиот соиграч. Почивај во Божји мир“.

Слични содржини