Актерката Хали Бери му пријде на актерот Адриен Броди на црвениот тепих на Оскарите и страсно го бакна пред сите.
Додека актерот му даваше интервју на водителот Марио Лопез, Бери му пријде, и однапред и се извини на неговата девојка Џорџина Чепмен.
„Извини Џорџина, но морам да го направам ова“, рече таа, а потоа го бакна актерот во уста. Погледнете го видеото.
Потоа и двајцата се насмеале и продолжиле да се гушкаат, а актерката изјавила дека чекала 21 година за да го „фати“ на црвениот тепих и да го бакне.
Да потсетиме дека Бери и Броди го повторија својот познат бакнеж од Оскарите во 2003 година. Бери му врачи на Броди Оскар за Најдобар актер, кој го доби за улогата во „Пијанист“. Броди потоа ја бакна и тврдел дека бакнежот не бил планиран и дека целосно ја изненадил.
Актерката подоцна изјавила дека ова е прва церемонија на која го видела после таа година.
„Тоа беше успешна ноќ и за него и за мене. Морав да му вратам вечерва. Го гледав на забави, но ова е прв пат од таа вечер да го видам на црвениот тепих“, рекла таа.
Броди беше награден за најдобар актер на синоќешното доделување на Оскарите за улогата во The Brutalist. Наградата му ја врачи Килијан Марфи.