📽Сопственици на речиси 700 Tesla возила приредија рекордно светлосно шоу

од Vladimir Zorba
319 прегледи

Во обид да го соборат светскиот рекорд во финскиот град Еспо, на тркачката патека Вермо, стотици сопственици на автомобили Tesla се собраа да одржат концертен настап. Претходниот рекорд за ваков собир беше 255 автомобили собрани во германскиот град Хам пред само два месеци. Меѓутоа, организаторот Tesla Club Finland успеа речиси тројно да го зголеми тој рекорд.

Минатата сабота се собраа вкупно 687 автомобили на Tesla, ги паркираа на истиот паркинг, а потоа истовремено ги вклучија во голем спектакл – автомобилите изведоа координирана кореографија со своите автоматизирани врати, багажници и светла со песната Sandstorm, од финскиот диџеј Darude.

Како изгледаше ова рекордно светлосно шоу можете да видите во приложеното видео.

Ако се прашувате како се усогласени автомобилите за да се направи вакво шоу истовремено, организаторот на релито Сајмон Полок го има одговорот. Тој вели дека одговорот лежи во фактот дека сите Tesla во светот се поврзани на Интернет и имаат пристап до координиран тајминг. Потребно беше само да се закаже почетокот на шоуто во исто време во сите автомобили.

Полок е одговорен и за кореографијата, која беше изведена во оваа пригода.

Слични содржини