Центарци добија нов паркинг простор зад катната гаража во Буњаковец, во близина на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци”.
Градоначалникот Горан Герасимовски, го исполни ветувањето на граѓаните и просторот којшто беше дива депонија, целосно го исчисти во месец февруари и летово го пренамени во паркинг простор на барање на жителите на една од маалските средби „Се гледаме во маало”.
„Просторот кој беше дива депонија денес е современ паркинг простор што им го олеснува животот на граѓаните и ја подигнува уреденоста на маалото. Сите наши проекти ги правиме во интерес на граѓаните, затоа што веруваме дека само преку постојан дијалог со нив можеме да креираме решенија кои одговараат на нивните реални потреби. Продолжувам и понатаму да ги слушам моите центарци и секое ветување да го реализираме”, вели Герасимовски.