📽️Ѓоковиќ повторно проговори за болната тема: Не сум антиваксер, но не сум ниту проваксер

од Nikola Popovski
379 прегледи

Тенисерот Новак Ѓоковиќ гостуваше во емисијата „60 минути“ кај водителот Џон Вертхајм, а меѓу другото зборуваше и за болната тема – вакцинацијата против коронавирусот.

Познато е дека Ѓоковиќ имаше многу проблеми бидејќи јавно одби да прими вакцина.

Во разговорот со Вертхајм, српскиот тенисер истакла дека другите го претставуваат како антиваксер, иако, како што вели, тоа е лага.

„Луѓето се обидуваат да ме претстават како антиваксер. Јас не сум антиваксер, но не сум ниту проваксер. Јас сум за можноста за избор“, рекол Ѓоковиќ во гостувањето.

За среќа на Ѓоковиќ, и Австралија и САД одамна дозволија невакцинирани луѓе да влезат во тие земји, па Ѓоковиќ можеше да продолжи да се натпреварува на најголемите тениски турнири.

Слични содржини