📽️Шекил О’Нил направи шоу во Хрватска

од Nikola Popovski
105 прегледи

Легендарниот американски кошаркар Шекил О’Нил се појави на фестивалот Форестленд во Меѓимурје, Хрватска и ги воодушеви љубителите на кошарката и сите присутни на забавите во овој град.

О’Нил е дефинитивно најголемата ѕвезда на овогодинешното издание на Форестленд, а атмосферата достигна врв кога популарниот Шек се качи на сцената со српскиот рапер Девито.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mozzart Sport (@mozzartsport)

Поранешниот кошаркар од 216 сантиметри на сцената излезе во специјален дрес, испишан со презимето „О’Ниловиќ“.

Шек пристигна во Форестленд за да настапи како диџеј, откако во последните години гради музичка кариера под името диџеј Дизел. На сцената се појави и неговиот син Мајлс О’Нил, кој на сцената беше облечен во дрес на Лука Модриќ.

О’Нил својата кошаркарска кариера ја заврши во 2011 година во дресот на Бостон Селтикс, а претходно настапуваше за Орландо Меџик, ЛА Лејкерс, Мајами Хит, Феникс Санс и Кливленд Кавалирс.

Четири пати беше шампион во НБА, три пати беше МВП на финалињата,а еднаш во регуларниот дел од сезоната. 15 пати го видовме како дел од Ол-стар натпреварите.

Во кариерата имаше просек од 23,7 поени, 10,9 скока и 2,3 блокади по натпревар.

Слични содржини