Автомобилите не траат вечно. Иако можат да траат и неколку децении, деловите им се расипуваат, потребни се се почести поправки и на крајот поисплатливо е автомобилот да се однесе до отпад, отколку дополнително да се поправа.
Агенцијата за заштита на животната средина во САД објави информација дека во текот на својот живот, автомобилите во просек поминуваат 320.000 километри.
Одвреме-навреме слушаме приказни за автомобили кои поминале милион или повеќе километри и достигнале натпросечна возраст. Сепак, ваквите примероци се исклучок.
Трикот за долг живот е редовното одржување. Редовните сервиси, грижата за компонентите, замените по потреба, внимателното возење и паркирањето во гаража придонесуваат за продолжување на работниот век.
Но, има и автомобили кои со голем отпор излегоа од производната лента. Земајќи ги предвид параметрите на километражата и времетраењето утврдени од различни организации и производители, постојат неколку модели кои лесно можат да надминат половина милион километри.
ElMotor пренесува листа на модели кои успеале да поминат 500.000 километри:
Mercedes E класа
Peugeot 406
Citroën Xantia
Toyota Land Cruiser
Mercedes S класа
Škoda Octavia
Seat Toledo
BMW Серија 5
Audi A6
Mercedes C класа
Како што се забележува, листата вклучува врвни премиум модели, но и возила од среден ценовен опсег. Многу од нив, како Toledo, Peugeot 406 или Xantia, веќе не се произведуваат денес.
Може да се заклучи дека автомобилите „од минатото“ траат подолго во споредба со денешните модели.