ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА (во 7 часот).

17 Маврови Анови, 1 Лазарополе.

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ

-2 Берово, 0 Маврово, Лазарополе, 1 Виница, 2 Кр. Паланка, Пожаране, 3 Куманово, Охрид, Дебар, Претор, Ѓуриште, 4 Скопје, Прилеп, Тополчани, Тетово, Струмица, 5 Штип, Битола, 6 Дојран, 7 Гевгелија, 8 Д. Капија.

 

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 24 часа, до 7 часот.

1 Лазарополе, Битола, 2 Маврово, Охрид, 3 Тетово, Пожаране, 4 Претор, 6 Дебар.

 

МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА

Претежно облачно со локални врнежи од дожд. Дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

 

ВРЕМЕТО  ДЕНЕС

Претежно облачно со повремен дожд, а на планините и на некои повисоки места со повремен снег. Врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет и локално се очекува да наврнат над 10л/м2. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11 степени.

Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд.и со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Утре претпладне ќе биде променливо облачно со услови за локален слаб дожд, попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец. Дневната температура денес и утре благо ќе опадне. Потоа следува период на стабилно, суво и релативно топло време.

 

Слични содржини