ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА (во 8 часот).

22 Маврово.

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ

-6 Берово, -5 Маврово, -4 Кр. Паланка, Д. Капија, Струмица, -3 Штип, Битола, Тетово, -2 Скопје, Крушево, Лазарополе, Прилеп, Дебар, -1 Куманово, Гевгелија, Виница, Претор, 0 Пожаране, Ѓуриште, 1 Охрид, 2 Тополчани, Дојран.

 

ВРЕМЕТО УТРИНАВА

Ведро, сончево со слаб променлив ветер. Само во Ѓуриште и Крива Паланка дува умерен северен ветер.

 

ВРЕМЕТО ДЕНЕС

Сончево и релативно топло, кон крајот на денот со мала облачност на југот. Ќе дува слаб ветер кој попладне ќе има најчесто јужен правец. Температурата во интервал од 7 до 14 степени.

Во Скопје сончево со слаб претежно јужен ветер попладне. Температурата до 12 степени.

 

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

До петок ќе преовладува претежно сончево и релативно топло време. Во петок и за време на викендот понекаде по котлините ќе има услови за појава на утринска магла или намалена видливост. Од сабота попладне ќе има зголемување на облачноста со повремен локален дожд почест во западните и северозападните делови од земјата. Во недела врнежите ќе се пообилни особено во јужните делови од земјата, а најмногу воден талог се очекува на југозападот, во Охридскиот регион. Врнежите во понеделник ќе престануваат, а на запад понекаде ќе има појава на повремен снег и на повисоките места.

 

Слични содржини