Адвокатот на Груевски ќе одговори на жалбите на обвинителите

од Vladimir Zorba
244 прегледи

 

Адвокатскиот тим на премиерот Никола Груевски в понеделник ќе достави до кривичниот суд одговор на жалбите на обвинителството, потврди за Телма, адвокатот Никола Додевски. Тој вели дека ќе го почитува рокот за доставување одговор од  три дена по што целата документација ќе биде препратена во Апелациониот суд кој ќе ја донесе конечната одлука дали прислушкуваните разговори ќе бидат доказ во 27 –те предмети кои ги истражува обвинителството.

advokatot_na_gruevski1-540x406

Апелациониот суд нема прецизни рокови, но во принцип вели адвокатот Додевски, овие постапки се брзи, а од судот појаснуваат дека може да одлучат и за една седмица или осум дена.

Она што ниту обвинителството ниту одбраната на премиерт не го соопштуваат јавно е што бара обвинителството од судот со поднесените жалби на одлуката на судијата во претходна постапка. Зад превезот на тајност на постапката во оваа фаза официјално се молчи .

Сепак од извори од обвинителството дознаваме дека во жалбите за спорните докази пишува дека тие се уште не се докази туку индиции.

Факт е дека се нелегално снимени материјали без да се даде изворот односно медиумот и потеклото, што ги прави да бидат неупотребливи како доказен материјал.

Но она што се слуша на овие снимки може да биде индиција или насока да се истражува одредено наводно сторено кривично дело и да се бараат други докази, е дел од образложението на обвинителите.  И од СДСМ велат дека овие материјали се индиции но поради недоверба во судскиот систем ќе бараат специјален обвинител да ги истражува.

На цедеата кои се дадени во обвинителството се слушаат разговори но бидејќи се снимени без соодветна процедура обвинителството не може да ги користи како доказ, велат извори од истрагата.

Обвинителството и понатаму ќе ги истражува индициите но овие материјали како докази никогаш нема да може да ги користи се додека важат постојните закони.

Во документацијата за одлуката на судијата во претходна постапка кој одлучува за законитоста на доказите, спротивставените страни употребија ист член од законот за издвјување докази.

Додека се дебатира дали судијата од претходна постапка постапил законски , траат преговорите за специјалниот обвинител. Од масата за преговори може да се чуе само една информација а тоа е дека се е можно, пренесува Libertas

Слични содржини