Лидерот на ДУИ Али Ахмети, заедно со членовите во Владата од партија, вечерва Жителите на Кичево ги инофрмираа за проектите што се спроведени и што се планираат во Кичевско.
maxresdefault
Вицепремиерот за евроинтеграцја Фатмир Бесими  зборуваше за сите проекти кои се остварени од оваа Влада при што тој го спомна автопатот Кичево-Охрид, потоа проектите во најава како автопатот Кичево-Гостивар, продолжување на пругата до Албанија како и некои друхи помали објетки кои се  од интерес на кичевчани.
Ахмети пред присутнтие претежно се задржа на Договорот од Пржино, за кој рече дека мора да се почитува.
-Договорот од Пржино мора да се почитува, бидејќи до овој договор дојдовме со помош на меѓународната заедница, потоа го потпишавме сите четворица лидери, се изгласа во Собранието на РМ од 108 пратеници и од опозицијата и од власта. Во целост  е  реализиран и останаа уштр само делот за медиумите и нема причина за опструкции на договорот, бидејќи во спротивно ние  ќе бараме целосно нов договор, рече Ахмети.
Тој додаде дека тие се подготвени да ги почитуваат сите потребни стандарди за  да  се добијат фер и коректни избори

Слични содржини