Лога се заблагодари на турските власти: Правдата ќе Ве стигне, каде и да сте

од Илинка Илиоска
472 прегледи

Министерството за правда со соопштение до медиумите, по официјалната потврда од Министерството за внатрешни работи дека првоосомничениот за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо е спроведен во затворот Шутка.

„МП и министерот Кренар Лога изразуваат голема благодарност до турските власти, особено до министерот за правда на Република Турција , Јилмаз Тунч за нивната брза реакција и преземањето на сите мерки за екстрадиција на Љупчо Палевски. Целата постапка се спроведе во релативно краток период за неполни пет месеци. Ова е добар знак за општеството и порака дека правдата ќе ве стигне , каде и да сте!“, наведено е во соопштението на МП.

Првообвинетиот за киднапирање и убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и на велешанецот Панче Жежовски ќе биде сместен во посебна ќелија, ќе се движи по посебен ходник. Просторијата во која ќе биде сместен е веќе подготвена а мерките за безбедност се на највисоко ниво.

За него ќе бидат задолжени само одреден дел од затворските чувари и ќе се оневозможи останатите припадници на затворската полиција да имаат пристап до него. Во тој дел од затворот ќе може да се влегува само со електронска партичка.

За Палчо ќе се определи посебно време кога ќе може сам да излегува во затворскиот двор, ќе посетува посебна бања со придружба на чувари. А, ќе се проверува и храната што ќе ја добива.

Палевски на 5 декември беше уапсен во Беликсир, Турција. Тој се екстрадира за истрага за кривични дела Грабнување и Убиство, која ја води Скопското обвинителство.

За двата свирепи случаи се осомничени уште 5 лица. Тројца од нив (В. М., В. К. и Б. В.) се осомничени за двете убиства и киднапирања, таткото на Ѓорчевска е осомничен за киднапирање на ќерка си, додека С. Д. е осомничен дека му помогнал во бегството на првоосомничениот Љупчо Палевски. Тројца од нив се во притвор.

На 25 април, Врховниот суд му ја преиначи мерката притвор во куќен притвор на таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски.

Слични содржини