Ахмети: Одлуката е многу тешка, ги анализираме сите предлози на СДСМ

од desk2

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети денеска не сакаше премногу да коментира за синоќешниот состанок на претседателството на партијата во Мала Речица.

Како што изјави тој, во моментов се анализираат сите предлози и наскоро треба да се очекуваат конкретни резултати. Ахмети вели дека се прават сериозни конкретни внатрепартиски анализи.

Воедно, тој потенцираше дека во наредните неколку денови очекува средба со лидерот на Беса Биљал Касами.

Слични содржини