1424195880-Ahmeti-Hahn

Ситуацијата во земјава е загрижувачка и демократските капацитети на системот се ставени пред сериозен предизвик. Затоа, сметам дека итното и директно вклучување на Брисел, преку делегирање на политички тим засилен со правни и истражни експерти, е неопходно. Овој тим, делегиран од Европската комисија и Европскиот парламент, би ги осигурал сите засегнати страни дека процесот ќе биде кредибилен и со интегритет како и непристрасен што е предуслов за успешно привршување на овој случај, се вели во писмото кое лидерот на ДУИ, Али Ахмети му го пратил на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.

„Дозволете ме уште еднаш да се осврнам кон потребата за што е можно поскоро адресирање на најголемиот проблем на нашата земја, прашањето со името, што ги држи во заложништво стремежите на нашите граѓани како и може да ги влоши меѓуетничките односи. Овој спор мора да се затвори што е можно поскоро, но решението не може да се постигне без интензивното вклучување на Брисел и Вашингтон во посредништво помеѓу Скопје и Атина. Нашите заеднички напори за да се постигне мир и да се изгради оддржлива демократија во земјава не може да се сметаат како завршени без интеграцијата на Македонија во НАТО и започнувањето на преговорите за членство во Европската Унија“, му пишал Ахмети на еврокомесарот Хан.
Министерот за надоврешни работи Попоски пак денеска изјави дека Хан не дошол со волшебно стапче.

“Еврокомесарот Јоханес Хан не дојде во Скопје со свој план или волшебно решение, туку со јасна порака дека сите во Македонија имаме одговорност процесите да се одвиваат во рамки на соодветните демократски институции”-изјави Попоски во одговор на новинарско прашање по денешната средба со неговиот црногорски колега Игор Лукшиќ во Скопје.

Тој посочи дека Европската комисија и комесарот Хан очекуваат политичка зрелост од сите чинители во земјава

Слични содржини