Ај добро! Обама не е “кучкин син”, ама Бан ки Мун е будала

од desk3

Филипински претседател Родриго Дутерте му рекол на претседателот на САД Барак Обама, дека никогаш не го нарекувал “кучкин син”. Тоа го изјави самиот Дутерте денеска во Џакарта, но ја задржа предизвикувачката позиција за објавената од него војна со дрогата, велејќи дека генералниот секертар на ОН Бан ки Мун е будала, зашто го покренал прашањето за кршењето на човековите права во Филипини, јави Ројтерс.

0000315001-article2

На самитот на АСЕАН во Лаос оваа недела Обама ја откажа планирана билатерална средба со Дутерте по наводната навреда, но потоа двајцата се сретнаа за кратко, додека чекаа да ги заземат своите места за банкетот на крајот на форумот, па дури и се поздраваат.
При посетата денеска во индонезиската престолнина Дутерте изјави дека навредливите зборови не биле насочена лично кон американскиот претседател, и дека тој му го објаснил лично. “Бев подготвен за средба со Обама, очекував да се сретнеме, како правник со правник, нели и двајцата сме адвокати. Му реков дека никогаш не сум го кажал тоа. Го реков , но не во врска со Обама. Не војувам со Америка”, објасни Дутерте, цитиран од агенциите.

Филипинскиот лидер ја изрече скандалозната фраза на својот мајчин јазик тагалог на почетокот на минатата недела, кога избувна додека ја бранеше објавената од него војна на дрогата, за време на која се убиени најмалку 2400 Филипинци, потсетуваат агенциите.

Денес тој рече дека го смета генералниот секретар на ОН за будала, бидејќи и тој се изразил за ова прашање.

“Дури и Бан Ки Мун интервенира. И тој даде изјава пред неколку недели за човековите права. Саби ко, иса ка панг тарантадо “. (Ти си уште еден будала – на тагалски јазик), пренесе Ројтерс.

Слични содржини