Договорот за прекин на огнот, е загрозен во старт со обвиненија дека Москва на претседателот Асад му овозможува да ја зацврсти не само сегашната воена надмоќ, туку и идната преговарачка позиција.

koj-se-bori-protiv-kogo-vo-sirija-i-irak-173774

 

 

Минхенскиот договор за прекин на огнот во Сирија лесно може да ја доживее судбината на британско-француско-германскиот договор во баварската престолнина од 1938 година, кој не успеа да го спречи избивањето на Втората светска војна.

За разлика од судетската криза пред 80 години, глобалните и регионалните актери на сегашната сириска криза немаат задача да спречат војна, туку да се обидат да прекинат конфликт кој во текот на пет години однесе 260.000 жртви и остави без дом 11 милиони Сиријци, но остро судрените интереси наговестуваат дека шансите во најдобар случај се половични.

Западот бараше прекинот на огнот да стапи во сила веднаш, додека Русија прво инсистираше на 1 март, со цел на сирискиот претседател Башар ал Асад да му овозможи да ја заврши офанзивата и од бунтовниците да го преземе најголемиот сириски град Алепо, со што ќе ја утврди не само воената, туку и преговарачката позиција, sirija-sudiri-520x292 (1)

Компромисниот предлог одредува оружјето да замолчи в сабота, но државниот секретар Џон Кери, неговите западни и арапски сојузници и генералниот секретар на НАТО веднаш по договорот ја обвинија Русија дека со продолжувањето на операциите од воздух го поддржува напредувањето на Асад, иако усвоениот минхенски документ прецизира дека борбите можат да продолжат само против припадниците на Исламската држава, Фронтот Нусра, близок на групата Ал Каеда или групи кои Советот за безбедност на ОН ги означи како терористички.

– Нема докази за наше бомбардирање на цивили, иако затоа сите не обвинуваат, одговори рускиот премиер Дмитриј Медведев на обвиненијата од страна на премиерот на Франција Мануел Валс. – Русија не се обидува да оствари тајни цели во Сирија, додаде тој.

Јавна дефиниција на тие цели е борба против исламистичките милитанти, кои и се закануваат на Русија, а позадинска е несомнено одбраната на Асад кој на Москва и овозможи да има голема воздушна база и поморски инсталации на средоземниот брег во Сирија.

Минхенскиот документ тешко може да ја помири руската позиција со американската, бидејќи Вашингтон покрај намерата да ја уништи Исламската држава, не крие дека очекува во идната Сирија на власт да не биде проруска гарнитура.

Суштинските разлики во јавноста потоа даваат форма на размена на обвиненија околу типот на бомбите кои ги користат Русите, околу гаѓањето на „легитимни бунтовнички цели‟ и цивили, „отворена воена агресија‟ и предизвикување на бегалската криза… Има дури и турски обвиненија дека Русите вршат етничко чистење на северот на Сирија.

Состојбата дополнително се комплицира од фактот дека на минхенскиот документ нема потпис ни владата во Дамаск, ниту на главните бунтовнички групи кои ги собра Саудиска Арабија.

Настаните на и околу боиштето исто така не отвараат речиси никаков простор за оптимизам: Асад вели дека нема намера да ја прекине офанзивата во момент кога неговите трупи незадржливо напредуваат кон Алепо, чие заземање од бунтовниците може да претставува пресвртница во војната.

Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати потврдуваат дека се подготвени да упатат војници во Сирија да се борат против исламските терористи. САД со согласни. Американскиот секретар за одбрана ги повика двете заливски држави да пратат командоси за да помогнат при заземањето на северниот град Рака, неофицијално седиште на т.н. Исламски Калифат во Сирија.

Асад е уверен дека Саудиска Арабија и Турција, две држави кои речиси опсесивно сакаат да видат негово заминување од власта, планираат инвазија на Сирија. Претпоставувајќи дека е нереално да се очекува Саудијците да одолеат на предизвикот да не помогнат во обид на негово рушење и блокирање на иранското влијание – што е нивен одамна потврден приоритет – сирискиот претседател сака да ги предупреди.290617-turcija-ja-napadna-sirija-policijata-masovno-apseshe-niz-gradovite

Првпат од 2014 година режимската војска подготвува напредување кон Рака, а новата офанзива, по оваа кај Алепо, целосно би ги пресекла каналите за снабдување на бунтовниците од Турција.

Силите на сирискиот режим, со поддршка на Русите, Иранците и либанскиот Хезболах, не покажуваат намера да ја пропуштат шансата и да ја остварат прокламираната цел на Асад, да ја врати контролата над цела Сирија. На Дамаск прекин на огнот не му одговара. Уште повеќе бидејќи бунтовниците добија одредени количини на современо оружје вклучувајќи и ракети со дострел до 20 километри.

Станува се појасно дека Американците и коалицијата која ја обединија не само што не ја поразија Исламската држава, туку не успеаја ни да го симнат Асад од власта, иако и натаму го опишуваат како „дел од проблемот, а не решение‟. Наспроти Вашингтон, Москва од самиот почеток на својот воен ангажман кон крајот на септември успеа да ја преземе иницијативата и да ја сврти воената среќа на фронтот.

Во такви околности на Американците им преостанува на Асад да порачаат да „не се лаже‟ дека конфликтот може воено да се реши. Веројатно и не може, но Русите се на пат да издејствуваат нивниот сојузник Асад да биде прифатен како партнер во некои идни разговори за траен мир и политичка транзиција на Сирија. Можеби не Асад лично, но секако неговиот режим кој гарантира дека Москва нема да го изгуби единственото упориште на Блискиот Исток.

Бидејќи уште од август 2011 година, отворено бараа заминување на Асад, Американците подоцна се фокусираа на борбата против Исламската држава, што создаде тешко разбирлива и конфузна мешавина на приоритетите.

Клучниот проблем на американската стратегија се содржи во фактот дека Русија и Иран нема да се откажат од поддршката на режимот на Асад, уверени дека Обама нема да одобри влегување во нова блискоисточна војна и да прати трупи во Сирија.

Неуспесите на американскиот ангажман во Сирија и на фронтот кон исламистите и кон Асад, како последица имаат јакнење на милитантното крило во Вашингтон. Ако Минхен остане буква на хартија, а пропадне и новата рунда на женевските преговори предвидени за 25 февруари, Обама би можел да премине на План Б, засилени воени активности и против Исламската држава и против Асад, кои би вовеле нови странски трупи на сирискиот фронт, што носи големи ризици.

Политика – Белград

Слични содржини