Извештај  истакнува дека од Турција се крши меѓународното право

 20160401.dxdbspfetw

Турција користи огнено оружје против сириски бегалци и ги депортира назад во нивната татковина, тврди “Амнести интернешенел”, цитиран од британскиот весник “Тајмс”. Тврдењето се содржи во извештајот на меѓународната организација за човекови права, која прецизира дека така ги  прекршуваат нормите на меѓународното право.

Според лондонската организација “Сириски центар за набљудување на човековите права”, барем 16 мигранти, вклучувајќи три деца, се убиени во последните четири месеци од турски војници за заштита на границата, кога тие се обиделе да влезат во Турција. во меѓувреме, парламентот на Грција треба да гласа денеска за примената на постигнатиот  договор меѓу ЕУ и Турција  за бегалците.

 Најважниот дел од проектот  ги вклучува правилата според кои мигрантите ќе бидат вратени од Грција во Турција.

Слични содржини