Анџелина Џоли и Бред Пит успеаа да изгледаат како среќна двојка повеќе од 12 години.
Но, во некој момент нештата започнале да се испревртуваат, кога тие оформиле различни мислења за тоа како да ги воспитуваат нивните 6 деца(Медокс, 15, Пакс, 12, Захара, 11, Шајло, 10 и 8-годишните близнаци Нокс и Вивиен).
Во новото издание на списанието “UsWeekly”, близок извор на двојката открива: “Му стана навика гласно да вика. Таа не можеше да толерира тој да им се дере на децата. Имаше неколку пати кога Енџи беше престрашена.”
Но, друг извор пак тврди дека тоа не било страшно: “Дури како да е смешно кога го повишува гласот и им вика на децата. Тој не е еден од оние луѓе со лош темперамент.”
Исто така, додека Бред сакал децата да останат на едно место, а Анџелина повеќе сакала да ги носат насекаде низ светот со нив.
Таа исто така преферирала опуштен став со децата, но наводно тој сакал по традиционални правила.
“Бред сака тие да имаат нормално детство и се грижи дека ќе станат разгалени, елитистички и нема да бидат приземни” изјави еден од изворите за “UsWeekly” уште во 2009-та година, додавајќи “Но, Енџи мисли дека тие треба да бидат децата на светот и тие се расправаат за тоа постојано.”
Наводно, нивната разделба се должи на разликите за животниот стил и родителството, како што изјавува списанието. Исто така тие живееле во различни крила од нивниот огромен имот во Холивуд и започнале одвоени животи.