Бизнис – свет: Просечните плати во државите од поранешна Југославија значително се разликуваат

од Vladimir Zorba

 

Вашингтон – Услужните компании во САД имаа во мај забавен раст, помал од април, што е знак дека умерениот економски раст веројатно ќе продолжи. Американскиот Институт за управување со снабдувањето соопшти дека индексот кој ја мери работата на услужните компании паднал ос априлските 57,5 на 56,9 поени во март, а секој резултат над 50 поени е потврда на растот.

Подгорица – Владата на Црна Гора ја дефинираше втората фаза на мерките на фискалната консолидација кои подразбираат поголеми акцизи и поголема стапка на ДДВ на 21 отсто. Како што рече министерот за финансии Дарко Радуновиќ по состанокот со претставниците на Стопанската комора, целта на мерките на фискалната стратегија е јавниот долг од 2019 година да влезе во благ пад и значајно да се намали во 2020 година на 67 отсто, како и намалување на дефицитот, од очекуваниот суфицит од 4,5 отсто од БДП во 2020 година.

Пекинг – Гувернерот на Калифорнија Џери Браун предупреди дека опасноста од климатските промени може да биде поголема од што била во фашизмот за време на Втората светска војна. Браун, зборувајќи во Пекинг на форумот за „чиста енергија”, изрази уверување дека Кина може да покрене иницијатива за светските стандарди кога се работи за испарувањето на автомобилските гасови.

Подгорица – Просечните плати во државите од поранешна Југославија значително се разликуваат, а според последните податоци Црна Гора се наоѓа во „златната средина”. На чело на листата се Босна и Херцеговина, Србија и Македонија, пишуваат Дневне новине додавајќи дека кога се во прашање нето платите на Словенија и Хрватска тие се пред Црна Гора. За еден месец Словенците просечно заработуваат 1.030 евра, т.е. дупло повеќе од црногорските граѓани кои според последните податоци на Заводот за статистика, просечно примаат 512 евра. На второ место е Хрватска со просечна плата од 750 евра.

Дубаи – Прекинот на дипломатските односи на Катар со соседите од Персискиот Залив може тој регион да го чини повеќе милијарди евра во нереализираната трговија и инвестициите. Оваа „војна” може да ги поскапи и трошоците за задолжување во момент кога тој регион се бори со ниските цени на нафтата.

Доха – Авиокомпанијата Катар ервејз соопшти дека како возвратна мерка на неодредено време ги прекинува сите летови за Саудиска Арабија, ОАЕ; Бахреин и Египет. По еден ден откако тие земји соопштија дека ги прекинуваат дипломатските односи и воведуваат целосна изолација на Катар, обвинет за поддршка на тероризмот, катарската компанија наведе дека ги прекинала сите летови за тие четири земји и дека таа мерка „ќе биде на сила до понатаму”.

Њујорк – Акциите на Алфабет, кој е сопственик на Гугл, надминаа вредност од 1.000 долари, по една недела откако Амазон го надмина тој праг. Алфабет и Амазон се меѓу мала група на компании чии акции вредат повеќе од 1.000 долари.

Слични содржини