Вчеравечер во Урбаната заедница Владо Тасевски (Млечен) се одржа промоција на Програмата за живот во Карпош за сите.
„Го враќаме маалскиот дух на оваа населба. Во склоп на училиштето “Војдан Чернодрински” ќе направиме спортско – рекреативна зона, каде што младите ќе може да играат баскет, напомена Стефан Богоев пред пристутните граѓани.
На собирот со граѓани се обрати и Стево Пендаровски, пратеник во Собранието на Република Македонија.
Пендаровски посочи дека Стефан е вистинскиот избор за Карпош бидејќи немал и нема да има искуство во крадење и делење парцели, туку во успешно менаџирање со луѓе и застапување на нивните интереси.
Давам поддршка на најголемиот политички талент кој е излезен од школата на СДСМ во изминативе 10 години, Стефан Богоев, истакна во своето обраќање Стево Пендаровски.
Носителот на Советничката листа на СДСМ и коалицијата во Карпош, Душко Весковски рече дека вистинската работа започнува на 16-ти октомври, каде што после убедливата победа новата локална власт веднаш ќе започне да го решава проблемот со загадувањето.
Во завршниот дел од обраќањето, Богоев ги повика граѓаните да гласаат за број 19. За достоинствен и спокоен живот во Карпош за сите!“, изјави Стефан Богоев, кандидат на СДСМ и коалицијата за градоначалник на О.Карпош.