Богоевски: Јордан Мијалков немаше никаква врска со ВМРО-ДПМНЕ, Кондоминас предложи Груевски да стане лидер на партијата

од desk3

Првиот македонски министер за внатрешни работи Јордан Мијалков немаше никаква допирна точка со ВМРО-ДПМНЕ, рече поранешниот шеф на македонската разузнавачка служба Слободан Богоевски во интервју за Топ-тема на телевизија Телма.

-Не само што Мијалков немаше врска со ВМРО-ДПМНЕ, туку заради него во поранешната држава многумина вмровци беа осудувани – истакна Богоевски.

Тој додаде дека Никола Груевски и Сашо Мијалков намерно ја експлоатирале приказната дека нивниот вујко, односно татко, бил убиен од разузнавачките служби, бидејќи, според него, тоа им служело како легитимација за влез во ВМРО-ДПМНЕ.

 

Според него дека предлогот за Никола Груевски да стане претседател на ВМРО-ДПМНЕ дошол од грчкиот бизнисмен Димитрис Кондоминас.

sb11
Како што тврди тој, ова се случило откако Груевски ја потпишал продажбата на „Окта“.

Богоевси рече дека Кондоминас му наредил на тогашниот премиер Љубчо Георгиевски да го смени Борис Стојменов од министер за финансии и да го постави Груевски, за да може да почне процедурата за продажба на рафинеријата „Окта“.

Кога Богоевски го прашал Кондоминас во приватен разговор, зошто Груевски, грчкиот бизнисмен му рекол: „Го имам в џеб“. Со што? Затоа што му завршил работа со потпишување на договорот за „Окта“.

Богоевски тврди дека истата формула е применета и за монополот на Телеком.

Според Богоевски, првиот македонски министер за внатрешни работи Јордан Мијалков немал никаква допирна точка со ВМРО-ДПМНЕ.

– Не само што Мијалков немаше врска со ВМРО-ДПМНЕ, туку заради него во поранешната држава многумина вмровци беа осудувани – истакна Богоевски.

Тој додаде дека Никола Груевски и Сашо Мијалков намерно ја експлоатирале приказната дека нивниот вујко, односно татко, бил убиен од разузнавачките служби, бидејќи, според него, тоа им служело како легитимација за влез во ВМРО-ДПМНЕ.

Богоевски тврди дека семејството Мијалкови односно фамилијата на власт воопшто немале никакви вмровски корени туку напротив дека таткото на Мијалкови, починатиот екс министер на МВР Јордан Мијалков бил, како што рече, соработник на тогашните сојузни безбедносни тајни служби со седиште во Белград.

– На Сашо Мијалков и на Груевски заради сите криминали и злоупотреби подобро им е да им пресуди народот на избори отколку казната да им биде од самото ВМРО оти таа ќе биде многу полоша вријанта за двајцата – изјави Богоевски во Топ тема.

Поранешниот директор на УБК потврди дека е точно дека во сведочењето пред судот во Њујорк за аферата „Мито во Телеком“ изјавил дека додека бил прв човек на УБК, го имале приведувано Сашо Мијалков за трговија со дрога.

Слични содржини