Тргаат милиони луѓе , и тоа веќе не се само 2-та милиони во Турција, не се само оние во Едрене, кои се на нбугарската граница – 7-8 милиони. Веќе се креваат од Сирија да тргнат кон Европа. Службите известуваат дека оние кои биле во бегалските кампови во Либан, Јордан, распродаваат она што го имаат во Сирија, за да донесат некакви пари и да тргнат да си бараат нова татковина.
Ова е нечуена трагедија, која му се случува на човештвото. Тоа почнува денес. Ова го изјави премиерот Бојко Борисов за бТВ.
И претходната влада, и ние сега цврсто си ја чуваме границата и затоа сиот бегалски поток поминува низ Турција, Грција, Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Унгарија, Австрија, Германија, Шведска, и тоа е маршрутата. Има прашања зошто само 40% се Сиријци, одговорот ми е кога во една река се добие поплава, таа повлекувате со себе и други, кои се веќе чисто економски имигранти. Во Грција не им се допаѓа, во Бугарија не им се допаѓа, само во Германија и Шведска им се допаѓа. КА ако се научиме да работиме како Германците, ќе станат и нашите држави такви, додаде Борисов.
Никој не може да се заштити од бегалците . Огради, армија, мерки кои се превземаат се е ништо , ако бранот се подигне на 8-10-12 милиони какви што се прогнозите во наредните месеци., изјави Борисов.