Десет дена откако објавија развод, Бред Пит и Анџелина Џоли постигнаа договор за децата. Тие биле поттикнати од службите за заштита на децата на Лос Анџелес. Договорот е привремен – до 20 октомври. Истиот предвидува Бред Пит да помине тестови за дрога и алкохол, иако слична проверка даде негативен резултат за актерот. Анџелина Џоли засега го задржува старателството над шесте деца на двојката, од кои три се посвоени. Во негова прва посета кај малите, Пит ќе биде придружуван од терапевт.
Специјалистот ќе процени како да се продолжи во наредните недели. 41-годишната Џоли побара развод откако го обвини својот сопруг во агресивно однесување спрема нивните деца. Ѕвездата се обратила за помош кон специјалист за управување со кризи. Џоли и Пит живееја заедно 12 години.