Чешкиот претседател Милош Земан и министерот за финансии Андреј Бабиш изјавија дека надворешните граници на Шенген зоната мора да бидат веднаш затворени за да се одбрани територијата пред приливот на бегалци, јави дописникот на МИА од Прага.

15062015175932_migranti

Според Бабиш за решавање на проблемот треба да се вклучи НАТО, додека Земан потсети на неговиот претходен предлог за создавање на европска армија, сметајќи дека организацијата ,,Фронтекс” не е доволна за заштита на европските граници.
– Јас мислам дека основниот недостаток на Европската унија е недостаток на волја за остварување на заедничка одбрана на границите на Унијата. И покрај тоа што Република Чешка и понуди помош и на Италија и Грција, помошта не беше реализирана, рече Земан.
Во врска со тековната бегалска криза на состанокот со чешките дипломати во Прага, зборуваше и Штефан Филе, поранешен европски комесар за проширување на ЕУ.
– Јас не слушнав точно како кажа претседателот, но мислам дека постојат недоразбирања. ,,ФРОНТЕКС” е агенција на Европската унија, но, секако, не е задолжена за заштита на границите на Унијата. Според договорите кои ги имаат склучено земјите-членки, токму тие самите се одговорни за заштита на надворешните граници на својата територија “, објасни Филе.
– Кога ќе погледнете на картата, Шенгенот има чуден изглед. Таму е осамената Грција, а следна граница е Унгарија. Прашањето е дали македонската или бугарската Армија нема потреба од помош од НАТО, рече Бабиш.
Според него, ако надзорот на надворешните граници на Шенген зоната не можат да го совладаат периферните земји, тоа мора да биде договорено на највисоко ниво.
– Бабиш смета дека ЕУ во тие земји од каде доаѓаат бегалците, треба да каже дека не може да прими десет милиони бегалци од целиот свет.
– Мора да каже: Не може да доаѓате кај нас, да бидете невработени и да примате веднаш социјална помош, додаде Бабиш, кој оцени дека треба да се изгради голем бегалски логор, а потоа да се поделат оние на кои навистина им е потребна помош, особено мајките и децата и економските бегалцина друга страна.
– Не можете да затворите нешто, каде што нема врати. Границите денес се порозни, а не заградени со жици како за време на Студената војна. Денес, заштитата на територијалниот интегритет зависи не само од обезбедување на границите, но исто така и од тоа како властите и безбедносните сили се справуваат со ситуацијата во самите земји на ЕУ, подвлече Филе/МИА

Слични содржини