До четири лица е списокот на кандидатите за државен секретар на САД  и новоизбраниот претседател Доналд Трамп. Тоа го соопштија извори од опкружувањето на победникот на изборите ва 8 ноември, цитирани од БНР.

Засега се познати имињата само на двајца  од варијантите за функцијата прв дипломат.

Тоа се поранешниот градоначалник на Њујорк Рудолф Џулијани и поранешниот гувернер на Масачусетс и претседателски кандидат од Републиканската партија во 2012 година Мит Ромни.

Вчера од екипата на Доналд Трамп ги  потврдија номинациите за тројца идни министри – за финансии, за труд и трговијата.

Децата на Трамп ќе добијат поголема контрола врз бизнис империјата на сега претсдедателот на САД Трамп, за да  тој не влезе во конфликт на интереси, рече  неговата советничка Кели Конвеј.