Грчкиот премиер Алексис Ципрас, поради Македонија, одби да присуствува на Генералното собрание на ОН, на клучен состанок за борбата против ИСИЛ, јави Мета. Ниту Ципрас, ниту грчкиот шеф на дипломатијата Никос Коѕиас не се појавија на состанокот за борба против жестокиот тероризам, организиран од американскиот претседател Барак Обама, бидејќи Македонија на него учествуваше под уставното име.

cipras1a
Извори од кабинетот на грчкиот премиер истакнаа дека Ципрас не присуствуваше на овој клучен состанок од две причини, едната бидејќи наместо под акронимот БЈРМ нашата држава беше претставена под името Република Македонија. Втората причина, според Атина, била фактот што Ципрас немал право на коментар на самиот состанок, односно немало да биде во можност воопшто да ги произнесе своите ставови и впечатоци за идните планови за справување со ID

„Нема да учествуваме бидејќи Скопје ќе учествува како „Република Македонија“ и бидејќи не е предвидено да ни се даде збор да ги изразиме грчките ставови за темата која ќе се дискутира“, изјавиле владини извори.

Иако Ципрас отсуствуваше од состанокот, сепак ден по неговиот кус неформален разговор со Груевски вчера македонскиот премиер имаше можност да поразговара и со шефот на грчката дипломатија Коѕиас. Коѕиас по средбата објави заедничка фотографија со Груевски на Твитер, но ниту тој, ниту грчкото Министерство за надворешни работи известија што било дискутирано на оваа средба.

Спорот за името бил една од темите на разговор меѓу грчкиот премиер и Генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки Мун. Според весникот „Катимерини“, двајцата политичари разговарале за можноста за решавање на спорот за името, проблемот со бегалската криза и предизвиците со кои се соочува Грција поради ова, како и за напредокот на преговорите за Кипар.

Избегнувањето на состанокот на Генералното собрание дојде откако грчкиот весник „То Вима“ вчера изутрината упати апел дека грчката влада треба да биде загрижена и да реагира што Македонија ќе биде претставена под уставно име и покрај грчките реакции. Овој чекор од американска страна во Атина беше протолкуван како непочитување на грчките позиции и притисок за решавање на спорот за името. Овој случај создава загриженост во Атина дека се поткопуваат нејзините позиции и се губат поени и можности да се слушне гласот на Грција за клучни прашања поради спорот за името. Дел од грчките новинари го покренаа прашањето дали навистина вредело да се дозволи спорот за името да ја исклучи Грција од толку важен состанок во овој период.

Чинот исто така создава загриженост во која насока ќе се движат грчко-американските врски доколку Америка притиска Атина да се откаже од нејзините црвени линии околу спорот за името.

Ова е втор пат Грција да отсуствува од важен геополитички состанок поради тоа што Македонија учествува на истиот под уставното име. Минатиот декември тогашниот вицепремиер и шеф на дипломатијата, Евангелос Венизелос го пропушти министерскиот состанок на НАТО за мерките во борба против ИСИЛ бидејќи нашата држава не беше запишана како БЈРМ. За овој случај Венизелос реагираше директно до американскиот државен секретар Џон Кери дека САД не ги почитуваат правилата и одлуките на ОН.

Слични содржини