Деловите шест и девет од Планот 3-6-9 пред Јоханес Хан

од desk4
143 прегледи

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, заедно со Заменик Претседателот на Владата и Министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, Министерот за правда, Билен Саљији, како и Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, ќе бидат домаќини на Комесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан.

Средбата ќе се одржи утре, во просториите на Секретаријатот за европски прашања.

На средбата, Вицепремиерот Османи ќе ги презентира новите реформски пакети Шест и Девет, кои претставуваат дополнение не Планот 3-6-9, а во кои се содржат реформите кои произлегуваат од сите забелешки, препораки и сугестии во извештаите на Европската Комисија, како и сите други релевантни меѓународни и домашни институции.

Посебен осврт на реформските приоритети во клучните области, правосудството, реформата на безбедносните служби, како и реформите во јавната администрација, во детали ќе ги презентираат соодветните ресорните министри задолжени за нивна подготовка и имплементација, Спасовски, Саљији и Манчевски.

Османи, на Еврокомесарот Хан ќе му ги претстави и клучните делови од извештајот за имплементација на делот три од Планот 3-6-9, кој беше крунисан со одржувањето на фер, слободни и кредибилни избори.

Слични содржини