Денеска Централен совет на Демократски сојуз на кој се очекува конечно да биде соопштена одлуката за тргање од ВМРО ДПМНЕ, и самостоен настап на претстојните парламентарни избори во Април

демократски сојуз  хоризонтално

„ Ние подолго време не се согласуваме со политиките на Никола Груевски и со години наназад нескриено го покажуваме се тоа во јавноста, со очекувања дека сепак работите ќе се вратат на некаков демократски колосек и во интерес на граѓаните,  но тоа очигледно не и е битно на власта и Груевски“, велат партиски извори за Локално.мк

На седницата се очекува да биде претставена конкретна „Платформа за обединување“, да се добие виза за самосотоен настап и нови здружувања во интерес на излез од оваа криза,  која ја направија всушност тие кои сега глумат дека се заинтересирани  и демек се волни и го знаат излезот од неа, за неопходните  промени во Македонија.

„Не може тие што се чинители на кризата,  истите да бидат и решение, и ние  затоа отвораме еден широк фронт и простор за обединување на сите прогресивни сили во интерес на иднината на Македонија“, велат партиски извори.

Од точките кои како приоритети се најавуваат  се: промени на политичкиот систем , ревизии и конфискации  на украденото од државата и народот, социјална сигурност, враќање на старото работно време од 7-15 во интерес на семејството,  и вредносен систем каде не е клучна партиската книшка туку успехот, европските стандарди и владеењето на правото.

На ЦО на партијата треба да биде избран и штаб за водење на изборната кампања, нејзин прв човек , како и програма за идно дејствување.  За  13:30 часот претседателот на ДС, Павле Трајанов, ќе одржи прес конференција за медиумите, и ќе биде соопштена конечната одлука на ЦО на Демократскиот сојуз.

 

Слични содржини