Ве информираме, дека 93-иот протест на исклучените од Топлификација ќе се одржи во сабота 24. 12. 2016, на вообичаено место и време, кај Триумфалната порта, со почеток во 12 часот.
Како и обично, протестот ќе започне со пеење на партизанската песна „ Падај сило и неправдо “ со која исклучените ќе ја „ поздрават “ актуелната власт.
Потоа ќе продолжи читањето говорите кои на 28. 12. 2015, во Собранието на РМ, ги одржаа пратениците. Оваа сабота, на ред е говор на пратеник од партијата ВМРО-ДПМНЕ, Драган Цуклев кој му реплицираше на прaтеникот Марјанчо Николов.
Ова сабота борбениот повик е посветен на написите Триумфалните порти во Рим.
Во „ Бомбата 92“ ќе биде разгледано колкава количина и каква биомаса може да се очекува од одпадоците од зеленилото во Скопје и од комуналното ѓубре.
Ќе има и други содржини за кои мислиме дека ќе го привлечат вниманието на Вашите читатели, гледачи, односно слушатели. Затоа Ве покануваме да го следите протестот следната сабота, се вели во соопштението на оваа граѓанска иницијатива