НА ред се дневните сопки и собраниски тиради  од пратеничките групи, пред изгласувањето на ннуѓните законски измени за спроведување на пржинскиот договор. Ќе има фемкања денеска во парламентот,колку за показ на освоеност односно одвоеност од  партијата или преговарачите, но на крајот на денот се ќе биде изгласано.

парламент говор

До Собранието на Република Македонија синоќа  се доставени измени и дополнувања на законите договорени  од страна на претставниците на политичките партии потписници на Договорот од Пржино во насока  нели на подготвка на одржување на предвремени парламентарни избори и излез од политичката криза.

Претседателот на Собранието за денеска  во 14:30 часот ја закажа 113. седница на која треба да биде констатирана потребата и носење на овие закони, информираат од Собранието.

Станува збор за измени и дополнувања на Законот за внатрешни работи, на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, на Законот за кривична постапка и на Изборниот законик. Законите ќе се носат по скратена постапка, а предлагачи се координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ Илија Димовски и Горан Сугарески, Артан Груби од ДУИ и Беким Фазлиу од ДПА.

Претходно, за од 11 часот, во Собранието на РМ е закажана седница за поставување пратенички прашања.

Слични содржини