Мицкоски ги постави контурите за коалицирање со партиите

од Nikola Popovski

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска објави дека имал состанок со носителите на изборните единици на кои било разговарано за коалицирањето и формирање на идна влада.

Како што објави тој на социјалните мрежи, биле поставени контурите на рамката врз која ќе го градат коалицискиот потенцијал со останатите партии.

Фокусот ќе бидат луѓето на прво место, вели Мицкоски.

„1. Економски силна држава, преку реформи и чекори кој ќе бидат жестока битка за повисок животен стандард.

2. Фронт против криминалот и корупцијата и постигнување на правда.

3. Реализација на стратешкиот интерес за европски интеграции, преку дијалог и исполнување на принципи.

Очекувањата се големи, и одговорноста кон народот уште поголема.

Македонија ќе биде повторно твоја!“, објави Мицкоски.

Според информациите, ВМРО-ДПМНЕ ќе започне преговори за владина коалиција со ВЛЕН и ЗНАМ.

Слични содржини