ЕК бара од Скопје и Атина да го почитуваат и спроведуваат Преспанскиот договор

од Nikola Popovski
451 прегледи

Портпаролот на Европската комисија во изјава за „Euractiv“ порачал дека Преспанскиот договор меѓу Грција и Македонија од 2018 година мора да биде спроведен од „двете страни“ и со „добра волја“ во услови на нови тензии меѓу Атина и Скопје што се закануваат да го оживеат 25-годишниот спор.

Новата дипломатска криза избувна откако новата претседателка Гордана Силјановска-Давкова одби да го изговори официјалното име на земјава за време на нејзината инаугурација на 12 мај. Ваквиот чин предизвика реакции низ Европа и САД, при што многумина стравуваат од заживување на спорот кој се смета за отворена рана за балканскиот регион.

Европската комисија е децидна дека „сите страни“ треба да се држат до договорот.

„Добрососедските односи и регионалната соработка остануваат суштински за процесот на проширување. Постојните билатерални договори треба да се спроведуваат со добра волја од сите страни, вклучително и Договорот од Преспа меѓу Северна Македонија и Грција“, изјавил портпаролот на Европската комисија за бриселскиот портал „Euractiv“.

Ратификацијата на трите протоколи предизвика политичка полемика во Атина. Протоколите, кои се дел од Договорот од Преспа, се однесуваат на одговорностите на Грција во однос на контролата на воздушниот простор на Северна Македонија и му обезбедуваат на Скопје обука и знаење за прашања поврзани со ЕУ, објаснуваат од „Euractiv“.

Главната опозициска левичарска партија во Грција, Сириза, која го потпиша Договорот од Преспа, сега се обидува да го зголеми притисокот врз владејачката партија Нова демократија со поднесување на предлог до грчкиот парламент за ратификување на меморандумите. Додека беше во опозиција, Нова демократија цврсто се спротивставуваше на Договорот од Преспа, но вети дека ќе го почитува кога ќе дојде на власт во 2019 година.

Слични содржини