Дени Бојл можен избор за режисер на „Бонд 25“

од desk2

МГМ и Анапурна Пикчрс се се поблиску до реализација на проектот „Бонд 25“, чија премиера е првично најавена за 2019 година.


Станува збор за 25-от филм од серијалот за тајниот агент 007. Последните информации говорат дека режисерската палка веројатно ќе му припадне на Дени Бојл од оскаровскиот филм „Mилионер од гетото“, „28 дена подоцна“, „Трејнспотинг“…

Се уште нема официјална потврда за таква понуда, но порталот „Колајдер“ пренесува дека Бојл е „прилично заинтересиран“, а продуцентската куќа МГМ е многу блиску до конечната одлука.
Веќе е познато дека Даниел Крег ќе го глуми Џејмс Бонд по петти пат.

Последно на што Бојл работеше, се неколку епизоди од ТВ серијата „Trust“.

Слични содржини