Џоли добила парализа на лицето по разводот со Бред Пит

од Vladimir Zorba

Анџелина Џоли ја оставила на заден план кариерата на актерка и се ориентирала кон семејството. Големата нејзина желба е да биде добра мајка. Затоа таа посетува готвачки курсеви и прави обични нешта, како чистење по кучето, соопштува Ројтерс.

Актерката раскажува дека животот по разделбата со Бред Пит е ѝ сосредоточен врз здравјето и децата.

“Всушност сега се чувствувам повеќе како жена”, вели Џоли во интервју за списанието. Vanity Fair и додава дека го става на прво место семејството.

Таа открива уште дека имала проблеми со крвниот притисок и развила парализа на фацијалниот нерв по разделбата. Актерката вели дека се опоравила благодарение на акупунктура.

Последниот филм во нејзина режија за режимот на Кмерите во 70-тите, при кој загинаа повеќе од еден милион лица, беше презентиран во Камбоџа во февруари. Светската дистрибуција, вклучувајќи и преку компанијата Нетфликс, ќе биде во септември.

Надвор од промоцијата на филмот, Анџелина Џоли вели дека нема интерес да работи над нов филм сега. Таа доби старателство на шесте нејзини деца со Бред Пит и го очекува конечното решение на разводот.

“Сакам само да направам соодветен појадок и да го одржувам домот”, вели ѕвездата.

“Веќе девет месеци се обидувам да бидам навистина добра едноставно како домаќинка, да расчистувам кучешки смет, да ги мијам садовите и да читам приказни за добра ноќ”, вели актерката и додава: “Станувам сè подобра и во трите”.

Потоа актерката додава и дека најважно ѝ е да изгледа самоуверено и силно пред децата, па затоа си дозволува да плаче само под тушот.

Слични содржини