ДУИ под слоганот „За општината која ја сакаме“ ги промовираше кандидатите за градоначалници

од Vladimir Zorba

   Демократската унија за интеграција на Конвенција попладнево во Скопје под слоганот „За општината која ја сакаме“ ги промовираше своите кандидати за градоначалници на локалните избори.

– На овој долг и тежок пат може се направени пропусти бидејќи кој работи може понекогаш и да згреши. Но нашата цел нашата дестинација никогаш не сме ја промениле, а тоа е да продолжиме во нов дух заедно со вас. Ве повикувам да продолжиоме со промовирање на вредностите на ДУИ. Вредностите на толеранцијата, солидарноста, на помирувањето, на консензуалноста, на одговорноста, на храбрите одлуки и евроамериканскиот дух, рече Ахмети на Конвенцијата.

Лидерот на партијата Али Ахмети во своето обраќање ги повика гласачите да гиподдржат предложените кандидати.

Тој додаде дека во ДУИ се посветени на градење правна држава и општество во кое ќе владее законот еднаков за сите затоа , потенцира тимовите работат на сите промени. – Но, оцени, имаме многу работа пред нас и овие работи се вршат со храбри луѓе, со искусни кои не разочаруваат, истакна на Конвенцијата.

Слични содржини