Денеска Судскиот совет на Република Македонија изврши избор на 25 судии во повеќе судови во земјата. Дел од судиите кои беа избрани за основните судови за првпат ќе седнат на судиските столчиња како кандидати кои ја поминале обуката на Академијата за судии и јавни обвинители, додека за во повисоките судови кандидатите биле избрани според потребните критериуми –  бодови и стаж како судии јавува Академик.мк

судии

Најмногу кандидати беа пријавени за 5 слободни места во Апелациониот суд во Скопје, односно 68 кандидати. Од потребните области, двајца судии се за во граѓанската област, еден судија за кривичната област и по еден судија за трговската област и за областа работни односи.

За кривичар е избран Јани Нича, судија во Основниот суд Скопје 1 . Во граѓанската област беа избрани судиите Ѓорги Радојков, кој од 1996 година работи како судија во Основниот суд Скопје 2 и има најголем број бодови. Санде Зиков е избран за судија во областа работни односи, додека Наташа Савова-Димитрова  за трговската област.

На денешната седница беа избрани и 4 судии од граѓанската област за Врховниот суд. За четирите слободни места биле пријавени 15 кандидати. Од нив избрани се Снежана Бајлозова, Надица Андреева, Рахилка Стојкова и Стојанче Рибарев. Од нив како поекспонирани се судијката Бајлозова, која најпрво работеше во Основниот суд Скопје 1 каде што водеше неколку предмети кои беа познати во јавноста, како оној за Агим Красниќи, по што стана судијка на Апелациониот суд во Скопје. Рибарев  доаѓа од местото претседател на Апелациониот суд во Штип.

Со нови судии беа пополнети и неколку места во основните судови во Скопје. Па така, во Основниот суд Скопје 2 на судиско столче ќе седнат Ерол Абдулахи, Вероника Станоевска и Александра Палашеска. Во Основниот суд Скопје 1 нови судии се Даниела Димовска и Ненад Савески. Дара Арсова е избрана за судија во Основниот суд Велес, додека Ратка Димитрова во Основниот суд Струмица. Сите кандидати доаѓаат од Академијата за судии и јавни обвинители.

Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски, вели дека денеска беа избрани 25 судии,и посочува дека процедурата за избор е сложена и дека повторно недостасуваат судии во повеќе судови.

Целиот текст прочитајте го на Академик.мк 

 

 

Слични содржини