Двајца демонстранти убиени на протестите во Појасот Газа

од desk4

Двајца демонстранти кои што протестираа во Појасот Газа беа убиени од страна на припадници на израелската армија, информираше министерството за здравство на администрацијата од исламистичкото движење Хамас.

Махмуд ал-Масри (30) бил застрелан источно од градот Хан Јунис, во јужниот дел на енклавата. Тоа е првиот Палестинец убиен во протестите против одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел. Втората жртва била застрелана на протестот во источниот дел на Појасот Газа, а неговиот идентитет се уште не е познат.

Во судирите со израелската полиција повредени се над 200 Палестинци. Според „Ал Џезира“ во протестите се повредени вкупно 217 лица.

Протести против одлуката на Трамп денеска се одржуваат насекаде во арапскиот и муслиманскиот свет.

Стотици луѓе учествуваа на демонстрациите организирани од страна на властите во главниот град на Иран, Техеран. Демонстрантите палеа американски знамиња и фотографии од Трамп. Протестираќите извикуваа слогани како „Долу Америка”, „Долу Израел” и „Ерусалим ќе биде ослободен”.

Слични содржини