Крсто Мукоски, Сашо Васиелвски, Јохан Тарчуловски, Љупчо Димовски, Жаклина Пешевска и Љубен Арнаудов се шестемина пратеници за кои Судот од Собранието побара да им се одземе имунитетот.
Барањето на Судот е адресирано до претседателот Талат Џафери. Тој денеска по враќањето од службен пат треба да ја почне процедурата.
Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања е подготвена за да заседава. Претседател на ова собраниско тело е Павле Богоевски, а членуваат Мирослав Јовановиќ, Алескандар Кирацовски, Сашко Костов, Агим Шаќири, Трајко Вељаноски, Борис Змејковски, како и двајцата пратенци Крсто Мукоски и Јохан Тарчуловски, за кои се бара одземање на имунитетот. Ова деветчлено собраниско тело има исто толкав број заменици.
Според деловникот, Комисијата носи заклучок со мнозинство гласови, но конечната одлука за симнувањето на имунитетот ја носи Собранието, кое треба во рок од три дена да го усвои или да го одбие извештајот, а за тоа треба да гласаат 61 пратеник.
Вчера, претседателот на Комисијата, Богоевски, рече дека на седницата може да присуствуваат замениците на членовите, а и ако не дојде опозицијата, парламентарното мнозинство има кворум да изгласа одлука.